На плажата Кала Лунга на северот на Сардинија е снимен драматичен момент кога лут сопруг со нога удри еден од возачите на глисери кои ја турнале неговата сопруга. Како што пренесува Дејли Мејл, напаѓачот нинџа е неименуван локален човек кој со спектакуларен удар ја одбранил сопругата, а потоа уште неколку пати го удрил несреќниот капетан.
Циркусот на плажата бил предизвикан од глисер кој брзо влетал во плиткото на идилична плажа за да земе група богати туристи и да ги врати на нивната мега јахта. Гневните локални жители го изразија своето незадоволство додека чамецот се приближуваше до брегот, а капетанот во напад на бес турна жена во бикини.
"Scatta la rissa in #Sardegna quando il #tender di uno yacht si avvicina un po' troppo alla spiaggia di #CalaLunga di #PortoMassimo, a #LaMaddalena, con un calcio volante e cazzotti da parte di un sardo residente a uno straniero (per alcuni, un francese) e insulti finali" pic.twitter.com/8zLIzlfyj2
— Stevie Walker #FuckFIGC (@stevieansioso) July 17, 2023
Во тој момент, сопругот на турнатата жена истрчал по песокот и го удрил капетенот во градите, а потоа продолжил со тупаници. Додека го тепаше, се слушна како вика: „Ти ја турна мојата жена“.
Тепачката продолжи во морето се додека жената која претходно беше нападната не интервенираше и ги раздели мажите. Богатите туристи се качија на чамецот и отпловија кон јахтата со потсмев и дофрлања на мештаните.
– За жал, имам забележано особена грубост кај туристите кои доаѓаат. Англичаните, Германците и Французите премногу често доаѓаат во нашето море и не ги почитуваат правилата. Да се внимава на речиси 200 километри крајбрежје во Ла Мадалена не е лесно, изјави менаџерот на одморалиштето Франческо Витиело за локалните медиуми.