ДУИ со два пратеника помалку, Меџити и Коџаџику ја напуштија пратеничката група

Од:

– Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.

Станува збор за Изет Меџити, кој вчера најави формирање на ново политичко движење и за Мерита Колчи Коџаџику, а ним од претходно им се придружи и Кастриот Реџепи.

На прес – конференција во Собранието, на новинарско прашање за тоа дали од денеска тројца пратеници од ДУИ веќе не се дел од нивната пратеничка група и дали тоа значи дека се распаѓа пратеничката група на оваа партија, Адеми посочи дека станува збор за двајца пратеници, а третиот Кастриот Реџепи делувал како независен пратеник, и бил на листата на СДСМ, изразувајќи при тоа жалење што за тоа биле информирани од медиумите.

-Жалиме што преку медиуми сме информирани дека наши двајца пратеници го избрале овој пат. Тие добро биле третирани од ДУИ, носеле високи позиции и институционална одговорност и имале доверба во ДУИ за да бидат на таа институционална одговорност, така што за причините за нивното самоотстранување од ДУИ треба нив да ги прашате. Но, во мнозинството не се менува ништо, бидејќи без овие пратеници оваа Влада беше изгласана и оваа владина програма беше изгласана. Така што на истите тие бројки што сме биле пред и во моментот на формирањето на оваа Влада, на истите тие бројки сме и сега. Само изразуваме жалење за сето ова што се случува, а за причините треба да се прашаат нашите колеги, изјави Адеми.

Прашан дали има доволно пратеници во парламентарното мнозинство, тој рече дека тоа е дневнополитичко прашање, бидејќи има опозициски политички партии кои без дилеми и двоумења, ќе гласат за европската перспектива.

-Дали некој пратеник ќе биде или нема да биде дел од парламентарното мнозинство, ова прашање, апропо најзначајното стратешко прашање е минорно, вели Адеми.

Во однос на посетата на Вајмарската тројка, тој кажа дека имале конструктивна средба со министрите за европски прашања од Германија, Франција и Полска и оти добиле јасни пораки.

-Сите пораки беа јасни. Ако сакаме да и се спротивставиме на Русија тогаш ќе гласаме за уставните измени. Тоа беше главната порака. Ако не сме со Русија, тогаш ќе гласаме за уставните измени. И така ќе се отвори патот кон членството на нашата земја во европското семејство и така ќе продолжи подобрувањето наше, на нашата држава и општество на повеќе полиња, кои се поврзани и со процесот на преговорите. Така што имавме директни пораки како никогаш до сега имајќи ги предвид последниве средби што треба да направиме, потенцира Адеми..

Тој при тоа изрази очекување дека сите политички партии ќе рефлектираат и ќе носат одлуки, со кои ќе ги хармонизираат нивните политики со отворање на нови перспективи за сите граѓани и оти нема да се водат од тесни партиски интереси кои се поврзани со следните избори.

-Дискутиравме за сите околности, особено околностите кои се креирани од минатата година после руската агресија во Украина, и забрзување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука Северна Македонија и Албанија. Очекувам дека сите политички партии ќе рефлектираат и ќе носат одлуки, ќе ги хармонизираат нивните политики со отворање на нови перспективи за сите граѓани и нема да се водат од тесни партиски интереси кои се поврзани со следните избори. Сите ние кои сме европски ориентирани политичари и политички партии кои ги претставуваме, секако дека го споделувавме нашето видување дека час поскоро треба да се изгласаат уставните измени. Претседателот Џафери, меѓу другото, кажа да не се занимаваме со историјата, туку конкретно да се фокусираме на градење нови можности и перспектива за нашите граѓани, рече координаторот на ДУИ Арбр Адеми.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Предлог-Буџетот не е развоен, тој мора да се избалансира, a државната каса да се надополни