Власта го одби Барањето на Левица за намалување на функционерските плати

Од:

На денешната Законодавно правна комисија едногласно беше одбиено Барањето поднесено од пратениците од Левица за автентично толкување на Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката со кое би се намалиле платите на функционерите.

„Членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката е збунувачкиот член кој ги создаде сите недоумици после одлуката на Уставниот суд од месец март годинава, со која платите на функционерите се покачија за неверојатни 78%.

Цениме дека забуната е настаната со толкувањето на овој член, односно во ‘просечно исплатената месечна плата’. Имено, Министерството за финансии толкува дека тоа е БРУТО плата, додека ние мислиме дека граматичкото толкување треба да биде ‘просечната исплатена НЕТО плата по вработен’, бидејќи ако гледаме трудово-правно, исплаќањето на платата или платата која работникот ја носи дома е НЕТО платата, а не БРУТО платата“, се вели во соопштението од Левица.

Како единствена политичка партија која потегна иницијатива за намалување на функционерските плати, сметаме дека е крајно лакомо и недозволиво во услови на растечка сиромаштија и зголемена класна раслоеност, функционерите да бидат привилегирани во однос на обичните граѓани.

Со одбивањето на оваа иницијатива на Левица, Власта повторно докажа дека работи исклучиво за својот личен интерес и дијаметрално спротивно на интересот на граѓаните, па така, функционерските плати остануваат зголемени за вртоглави 78%, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ – Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура

Левица: Турците повторно сведени на политички украс – етничката застапеност служи само за кариера не и за одлуки

Левица: Нов директор на Фондот за здравствено осигурување, истата негрижа на ДПМНЕ кон родилките

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

Левица: Клековски ги искара професорите и докторите додека ВМРОвски аматери, вклучувајќи го и него, го водат јавното здравје

Левица: Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава