Две лица од руската област Белгород, мајка и татко, загинаа во гранатирањето на мостот на Крим, а нивната ќерка е повредена, изјави гувернерот на регионот на Телеграм.
„Утрово сите почнавме со информации за несекојдневната ситуација што се случи на мостот Крим. Сите на интернет видовме видео од оштетен автомобил со белгородски регистарски таблички“, напиша Вјачеслав Гладков.
"The bridge was attacked with the help of surface drones. It was difficult to reach the bridge, but in the end it was possible to do it," stated allegedly an unnamed source in the Security Service of #Ukraine to RBC-Ukraine. pic.twitter.com/AQ597Vv3gj
— NEXTA (@nexta_tv) July 17, 2023
„Девојчето е повредено, умерено повредено… Најтешко е што и починаа родителите, татко и и мајка“, додаде тој.
More footage from the #CrimeanBridge. pic.twitter.com/G63cml4tlP
— NEXTA (@nexta_tv) July 17, 2023
Инцидентот на мостот на Крим може да биде провокација од Москва, изјави утринава за Ројтерс Наталија Хумениук, портпаролка на Јужната команда на украинските вооружени сили.
„Создавањето такви провокации, за кои окупаторските власти на Крим известуваат веднаш и многу гласно, е типичен начин на кој властите на Крим и државата агресор (Русија, оп.а.) ги решаваат проблемите“, додаде Хумениук.