(ВИДЕО) Брутална ликвидација во Солун: Застрелан откако се обиде да го удри

Од:

Грчката полиција почна интензивна потрага за лоцирање и апсење на сторителот кој вчера попладне застрела и смртно рани 50-годишен маж со албанско потекло во областа Аналипси во источен Солун.

Крвавиот инцидент се случил вчера во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата Солонос бр. 51 пред очите на случајни минувачи.

Според очевидците, сторителот и жртвата наводно се познавале и кратко време пред убиството заедно седеле во ресторан во околината.

Како што може да се види на видеото, 50-годишниот маж се расправа со возачот од автомобил паркиран на пумпата, а потоа се обидува да го удри возачот преку совозачкиот прозорец, по што возачот пука во него со огнено оружје.

Жртвата добила најмалку три куршуми во пределот на рамото и градниот кош, а малку подоцна им подлегнала на повредите.

Полицијата интензивно работи на откривање на сторителот на делото, пренесуваат грчките медиуми.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната