Мајка ги врзувала двете мали деца со самолеплива лента и ги оставала да седат така со часови

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете и две кривични дела – Телесна повреда.

– Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, ги запуштила и ги малтретирала своите две деца – едното родено 2017, другото 2019 година. На децата им ги врзувала рацете, колената и стапалата со самолеплива лента и ги оставала да седат во таква состојба на стол или на нивните креветчиња додека била во станот. Со помалото дете комуницирала манифестирајќи вербална и физичка агресивност и не покажувала грижа за подобрување на неговата состојба, иако вештачењата извршени по наредба на јавниот обвинител утврдија дека станува збор за социјално и емоционално запуштено дете со психомоторната и психоцоцијалната зрелост под неговата реална возраст информираат од Обвинителството.

На 7 мај додека остварувала видео повик на социјална мрежа со нејзиниот вонбрачен пратнер, видно вознемирена, започнала без никаков повод и причина да ги удира децата по нивните тела, со што им нанела телесни повреди – набиеници и подливи.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата.​

Би можело да ве интересира

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски

Двајца Срби, едниот малолетник, повредени во сообраќајка кај Неготино

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец