Четири лица се повредени на лет од Северна Каролина за Флорида поради „силни турбуленции“, соопштија официјални лица.
Екипажот на летот 227 на Алиџинт, кој полета од аеродромот во Ешвил, пријавил силни турбуленции додека бил на пат кон аеродромот Сент Пит-Клирвотер, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА).
Во соопштението на Aligiant тие потврдија дека авионот во кој имало 179 патници и шест членови на екипажот наишол на „силни турбуленции“ пред слетувањето и дека по слетувањето лекарите процениле дека на двајца патници и две стјуардеси им е потребна помош.
BREAKING: Severe turbulence has left several passengers and crew members injured aboard an Allegiant Air flight from North Carolina to Florida. According to FlightAware, the plane dropped more than 4,000 feet in less than one minute. pic.twitter.com/Om23ydv6F0
— CBS Evening News (@CBSEveningNews) July 12, 2023
Летот траел 70 минути, а авионот непосредно пред слетувањето ја намалил висината за 2.500 метри за две минути.
Медицинските екипи на местото на настанот соопштија дека има „неколку повреди на главата и еден можна скршеница на глуждот“.
Патникот Пол Харис изјави за филијалата на NBC WFLA во Тампа дека за време на турбуленциите, неколку луѓе кои не биле врзани со ремени удирале со главите на таванот. Патничката Лиза Спригс рече дека турбуленциите биле „застрашувачки“ и додала дека видела две лица кои им ги скршиле глуждовите.