Висам Бен Једер и неговиот помал брат се обвинети за сексуално злоставување на две девојки, од кои едната има 19, а другата 20 години. Инцидентот, кој го истражува полицијата, се случил на почетокот на оваа недела на Азурниот брег, во Алпи-Маритам. Браќата Бен Једер поднеле жалба на обвинението, пренесува францускиот портал Франс Инфо.
Според нивните информации, истрага е покрената, но обвинетите се уште не се сослушани. Висам Бен Једер има 19 настапи за француската репрезентација, постигна три гола, а од 2019 година е напаѓач на Монако каде е и капитен. Тој минатата сезона постигна 19 гола за својот клуб.