Поплави и пожари во Русија, најмалку тројца загинати

Од:

Најмалку две лица загинаа во поројни поплави во јужна Русија, а една жена загина во шумски пожар во регионот на Урал, објавија руските државни новински агенции.

Новинската агенција РИА јави дека телата на млада жена и возрасен маж биле откриени утринава при повлекување на надојдената вода од Туапсе, крајбрежен град на Црното Море на околу 100 километри од туристичкиот град Сочи.

Поплавите се предизвикани од обилните дождови кои брзо ги излеаја одводите. Регионалниот гувернер Вениамин Кондратиев изјави дека во еден ден паднале три пати повеќе од просечните месечни врнежи, поради што морале да ги евакуираат камперите од блиската шума.

Неколку лица се уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Илјадници километри подалеку, во областа Урал во централна Русија, пожарите го опустошија селото Шајдуриха, северно од Екатеринбург, при што загина една жена, објавија државните медиуми, повикувајќи се на локалните власти. Пожарот брзо се проширил поради сувото и ветровито време, а изгореле 41 куќа, јави агенцијата ТАСС. Две лица се хоспитализирани со изгореници.

Летово во неколку руски региони беше прогласена вонредна состојба поради брзото ширење на пожарите. Сезоната на пожари во 2021 година беше најголемата досега во Русија, со уништени 18,8 милиони хектари шума, според Гринпис Русија, површина приближно двојно поголема од островот Ирска.

Службите за итни случаи сè уште работат на гаснење на шумските пожари што избувнаа на почетокот на јули во Јакутија, регион на далечниот исток на Русија, објавија локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте