Несреќа на магистралниот пат Охрид – Кичево: Возило излета од патот има и повредени

Од:

МВР извести дека вчера во 13.50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селото Требеништа и селото Мешеишта, возило „фолксваген голф“ управувано од 47-годишниот А.З. од село Стрелци, Кичевско, излетало надвор од коловозот.

„Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатниците Ќ.С. (56), Ф.З. (22) и Ф.З. (46), сите од село Стрелци, а возачот добил телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и во Општата болница во Охрид“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево