Арсовска: Орце Ѓорѓиевски е неписмен, Дрисла е во сопственост на Град Скопје

Од:

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска смета дека нејзиниот колега Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода е функционално неписмен и нема основна култура на однесување, затоа што не знае во чија надлежност е ЈП Дрисла.

„Неписменоста, функционална но и целосна, е главниот проблем на Македонското општество во последниве три децении. За жал, ниту денес, во 21. век не можеме да забележиме тренд на еволуција на писменоста кај државните функционери, напротив, од година во година се повеќе е изразена неписменоста во највиоските редови на централната, локалната и сите останати власти.

Таков е и примерот, за жал, и со градоначалникот на општина Кисела Вода, кој освен што е функционално неписмен, нема ниту основна култура на однесување.

Имено, имотот на парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје е во директна надлежност на градот Скопје. Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим“ на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот пак, што ја прифатил ваквата сугестија“, соопштија од кабинетот на Арсовска.

Таа смета дека денес Ѓорѓиевски призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС.

„Сакам да изразам и жалење за ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои пак произлегуваат, претпоставувам од неговата функционална неписменост – општина Кисела Вода нема никаков договор со Дрисла, напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.07.2023 година.

Договор има компанијата „Анизор“ која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла“ со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП „Дрисла“ самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност“. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже“, додава градоначалничката Арсовска.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски