Александар Митровиќ тргнува по стапките на Сергеј Милинковиќ Савиќ – српскиот фудбалер нема ништо против да се пресели во Саудиска Арабија. Како што јавува Скај Спорт, Фулам ја прифатил понудата од 30 милиони евра од Ал Хилал.
Напаѓачот од Смедерево не се жали на трансферот и дека е подготвен за настап во Арабија.
– Извори блиски до играчот ни кажаа дека Митровиќ е подготвен да ја напушти Премиер лигата и да игра во Про лигата на Саудиска Арабија – се наведува во текстот на еден од најценетите и највлијателните англиски спортски медиуми.
Ал Хилал веќе заврши се околу доведувањето на Митровиќ, кој се очекува во следните 24 часа да ги направи лекарските прегледи и официјално да биде промовиран.
За него на Лацио му платени платени 40 милиони евра.