Тројца безбедносни службеници загинаа, а 10 други се повредени во напад со експлозив, за кој се сомнева дека е поставен од членови на криминална банда во западно Мексико, изјави гувернерот на државата Халиско, Енрике Алфаро.
Нападот во вторникот вечерта врз државната полиција и официјални лица од канцеларијата на јавниот обвинител е „акт без преседан и покажува на што се способни организираните криминални групи“, рече Алфаро, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека поради инцидентот, Кабинетот за безбедност на Халиско е на постојана седница.
На крајот на минатиот месец во соседната држава Гуанахуато најмалку четворица припадници на Националната гарда беа повредени во експлозија на автомобил.