Во Штутгарт е одржан Конгрес на германската агенција за воздухопловство и вселенски летови. Централната тема: како ќе летаме во иднина? Амбициозниот план гласи: авионите во иднина драстично помалку ќе ја загадуваат околината.
Денес речиси сите авиони изгледаат слично. Под цевчестиот труп се крилата, под крилата моторите, а во задниот дел кормилото, пишува „Дојче Веле“. Конструкторите со децении граделе нови поекономични авиони. Сепак авионите би можеле да трошат помалку гориво, смета Дитер Шолц, професор на Факултетот за применети науки во Хамбург.
– Секако дека авионот е исплатлив ако малку троши, но економичност подразбира и авионот брзо да лета, затоа што само таков авион во еден ден носи многу пари, рече тој.
Авион-крило
Ако горивото биде поскапо, со време би можеле да станат исплатливи штедливите авиони со поинаков дизајн. Една од можните идеи би била да се отстапи од трупот на авионот. Тогаш имаме само огромно крило, т.н. авион-крило, рече Шолц.
Сепак некаде мораат да седат и патниците. Решението претставува авион со широк труп кој преминува во крила. Аеродинамиката на авионот може да се подобри со долги и кратки крила. Но долгите крила мораат да бидат многу поцврсто направени – со тоа стануваат потешки, а тоа е лошо по заштеда на горивото.
Освен тоа аеродромите сега немаат место за авионите со толку долги крила. Значи е потребна креативност – Тука имаме на пример допел-декер, авион со двојни крила, кои ги поврзуваат краевите на крилата долу и горе едно со друго.
Нови мотори
И новите мотори би можеле да ја подобрат економичноста, рече Рајнхард Мениг, директор на Инсититут за моторна техника при Германскиот Центар за воздухопловство и вселенски летови (DLR).
– Моторите притоа сосема поинаку ќе изгледаат. Тие би имале огромни пропелери, пречник од неколку метри. Тие би морале да бидат ефикасни и при високата брзината на авинот- а тоа бара сосема нови летала.
Таквите авиони би можеле да заштедат околу 20 отсто гориво, но за околу десет отсто се побавни од модерните џетови. Отука би биле погодни за куси и средни летови – каде губењето време не е преголемо. Сепак таквите ротори се многу побучни од модерните џетови.
Биолошко гориво
Рајнхард Мениг вели дека емисиите на јаглен-диоксид може да се намалт со подобра аеродинамика и подобри турбини – но само до одреден степен. Значи, потребни се и нови горива, рече Мениг. На пример биолошкото гориво од растенија.
– Веќе сме користеле авиони со биолошко гориво од 50 отсто. Навистина можат да се произведат такви горива со слични својства на согорување како кај керозинот, додаде овој експерт.
За Аскин Исикверен, визионер, најдобро би било веднаш да користи еколошка струја. Неговата идеја е авион за куси и средни летови.
– Точно е дека батериите се тешки. Кај денешната технологии се толку тешки што тоа не би фунцкионирало. Но имаме впечаток дека батериите би можеле во таа мерка да се подобрат што за куси дестинации тоа би било возможно.
Тој се надева дека неговиот авион би можел да лета уште во 2050. Кој тогаш ќе купи авионски билет ќе влезе во авионот кој личи на денешниот: цевка со крила надоле, под него мотори и кормило одзади.