За два месеца на Охридското Езеро одземени 126 рибарски мрежи со 219 парчиња улов, приведени две лица

Од:

Во текот на мај и јуни 2023 година, Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ при Регионален центар за гранични работи „Запад“, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, во водите на Охридското Езеро и на копно реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит риболов.

Притоа, полициските службеници во водите на езерото пронајдоа и одзедоа 126 рибарски мрежи во должина од 2.800 метри, со 219 парчиња уловена риба во вкупна тежина од 45 килограми, како и повеќе видови риболовен алат и опрема. Лишени од слобода се две лица од Република Албанија, кои со пловен објект илегално ја преминале државната граница, како и едно лице кое со харпун ловело риба во езерските води.

Поднесени се две кривични пријави по основ на илегален премин на државната граница и незаконит риболов во територијалните води на РСМ како и прекршочни пријави по Законот за рибарство и аквакултура, и една пријава по Закон за внатрешна пловидба.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала