Сакате вашето срце да биде здраво? Можете многу да направите за здравјето, само со мали промени во начинот на исхрана, вие го намалувате ризикот за болести и до 50 отсто.
– Намалете го внесот на лоши масти и холестерол. Тоа не значи целосно да ги исфрлите мастите од исхраната, само заситените. Најдобар начин е да го намалите маргаринот, путерот и маслото кое го употребувате подготовка на храна.
– Барајте месо со помалку масти. Пилешко, мисиркино месо, риба и белки од јајца се најдобар извор на протеини, кои не го загрозуваат срцето. Дневната количина можете да ја надокнадите и доколку месото го замените со соја.
– Интегрални житарки. Купувајте црн леб, користите кафен ориз, интегрално тесто.
– Повеќе овошје и зеленчук. Не е тешко да се внесе овошје и зеленчук во исхраната. Се препорачува не само поради минералите и витамините, туку и поради влакната кои организмот тешко ги вари.
– Смалете ја количина на сол. Користењето на големи количини кујнск сол во исхраната го зголемува крвниот притисок. Но внимавајте, голема количина сол има и во готовата храна, супите од кеса, паштети, сувомеснати.
– Планирајте ги оброците. Подготвувајте храна однапред, за гладот да не ве наведе на состојки кои не се здрави. Планирањето ви помага да се придржувате до здравиот начин на исхрана.