Вработените од Kомунална хигиена кои протестираат и го блокираат претпријатието на социјалните мрежи објавија снимка од телефонски разговор со директорката Косана Мазнева во кој тврдат дека таа им се заканува со откази.
Објавен е целиот разговор.
„Нека си мислат на семејството и на лебот, нека не ги штитат. Ако сум ги огласила тие десетмина и се поднесени кривични пријави, ништо не ме спречува да огласам уште 200. Треба да се качат во камионите и да бидат сервис на граѓаните. Ова не е штрајк, затоа што за штрајк има процедура. Ова е бунт. И не се оди против мене туку против граѓаните. Ќе ги објавам сите на огласна табла и ке има кривични пријави со дебели аргументи. Не се граѓаните виновни, лето е, 40 степени, стаорци ќе почнат да излегуваат. Тие што нема да се качат во камионите добро нека размислат, нека не се појавуваат в понеделник“, вели Мазнева во разговорот.