ВИДЕО: Ноќеска нов протест пред Комунална, директорката повикала полиција

Од:

Дел од вработените во Комунална хигена и ноќеска се собраа пред објектот на Јавното претпријатие и не дозволуваат да излезат камионите кои треба да го собираат ѓубрето низ Скопје. Тие тврдат дека бојкотираат бидејќи директорката Косана Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина работници.

Мазнева пак тврди дека не им се продолжени договорите на оние кои воопшто не се појавувале на работа. Таа обвини и дека бојкотот е поради тоа што спречила едни исти вработени постојано да одат во трета смена и да добиваат бенфиции за тоа.

Директорката Мазнева синоќа повикала и полиција.

Во Скопје сметот не се собира неколку дена. Корпите и кантите за ѓубре се преполни, што предизвикува ужасна миризба и е потенцијална опасност за здравјето на жителите.

Би можело да ве интересира

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Приведен е директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми

Катерина Ѓуровски