Директорката на Комунална хигиена добивала закани по живот: „Блокади прават оние кои земаат плата, а не работат“

Од:

Група контролирана од политичка партија на која и се скратени бенфициите ја блокира Комунална хигиена и спречува да се собира ѓуврето рече на прес конференција директорката на јавното претпријатие Косана Мазнева. Таа тврди дека револтот е поради тоа што наредила да се воведе сменско работење, а оваа група постојано работела во трета смена и добивала бенфиции поради тоа.

– Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. Комуналан хигиена не е политичка партија ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам политички центар да ја контролира работата. Овие лица кои ја блокираат работата не се членови на синдикатот, ниту се вработени. Незадоволството е затоа што донесов одлука за сменско работење и сите вработени треба да ротираат во три смени. Тоа е спротивно на праксата која била со години само одредени лица да работат во трета смета и да добиваат бенефиции за тоа. Најголем дел од нив не се појавувале на работа и не ги извршувале своите обврски. Затоа што ставив крај на таквата пракса овие лица сега организираат блокада, а имаат други работни места и бизниси“, рече Мазнева.

Таа обвини дека оваа група им се заканува на останатите вработени да не излегуваат и да работат и затоа вели таа, на 40 степени во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

Мазнева вели дека се поднесени и пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон другите вработени.

Дел од вработените во Комунална хигена неколку дена бараат средба со директорката барајќи повисоки плати, исплата на К-15 и бенфициран стаж.

Мазнева денеска рече дека на вработените во Комунална им биле зголемени платите во март за 864 денари. Таа вели дека договорите за работа не им се продолжени на оние кои воопшто не се појавувале на работното место.

Би можело да ве интересира

Седница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

A1on

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

Советниците на СДСМ бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот

Градоначалниците на скопските општини се инфлуенсери: Арсовска им порача да си ги исчистат прво своите населби

A1on

Вработените во „Комунална хигиена“ Скопје се враќаат на работа, СУТКОЗ ќе продолжи институционално да ги бара правата