Каевски: Мицкоски сака да руши уставен поредок и лично тој да дели правда ама нема да може

Од:

Овие денови случјот Феникс уште еднаш го потврди криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014, но го потврди и вистинското лице на Христијан Мицкоски. Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ и се става над законите, над Уставот рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Со неговите изјави Мицкоски застана против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон. Македонија е демократско општество и се почива на Закон и Устав, на процедура и на надлежни институции а не на волјата на поединци. Кој е Мицкоски да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не? Може Мицкоски да се замислува што сака но ниту е судија, ниту обвинител. Ова покажува дека Мицкоски е ист како Никола Груевски, сака да е и суд и обвинител, да суди и да пресудува, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски