НАТО земјите ќе издвојуваат најмалку два отсто од БДП за одбрана

Од:

Сојузниците на НАТО постигнаа договор за зголемување на целта на Алијансата за воени трошоци на најмалку 2 отсто од националниот БДП, изјавија двајца дипломати за Ројтерс доцна вечерва, пред самитот во Вилнус следната недела, кога се очекува да биде потврден договорот.

Триесет и една земја се согласија на „постојана обврска да инвестираат најмалку 2 отсто“ од својот БДП во своите воени сили во иднина, изјавија двајца дипломати кои сакаа да останат анонимни.

Договорот за нова цел за воени трошоци беше едно од отворените прашања пред дводневниот самит на НАТО во вторник и среда во главниот град на Литванија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше намера сегашната воена цел на НАТО од 2 отсто од националниот БДП да ја направи минимален услов наместо цел кон која треба да се стремиме.

Во 2023 година, според проценките на НАТО, дури и старата цел ќе ја исполнат само 11 од 31 членка на алијансата – САД, Британија, Полска, Грција, Естонија, Литванија, Финска, Романија, Унгарија, Латвија и Словачка.

Целта беше поставена во 2014 година, кога лидерите на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 2 отсто од БДП во рок од една деценија.

На дното се Канада, Словенија, Турција, Шпанија, Белгија и Луксембург, чии трошоци за одбрана беа под 1,4 отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море