Оклопни возила на косовската полиција се упатија кон јариње пренесува Коха.
Заменик-директорот на полицијата за регионот Север, Ветон Елшани, за Коха изјави дека добиле „информации дека денеска некој може да се обиде да влезе во Косово од Србија, но се уште не знаат за кого се работи“.
„Има информации дека некој пристигнал од Србија и таму се нашите полицајци. Ги испративме од безбедносни причини“, рече тој.
Подоцна за Танјуг портпаролот на полицијата за регионот Север, Ветон Ељшани, објасни тие се упатиле кон преминот бидејќи добиле информација дека мотоциклисти од централна Србија се упатиле кон Косово.
Тој рече и дека полицијата нема да ги пушти да го преминат Јариње, бидејќи претходно не се огласиле.