Мицкоски: Османи има лоша смисла за хумор и метафори

Од:

При денешната посета на општина Карбинци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Османи кажа дека еден ден ќе се разбуди кога на телевизија ќе види како поминуваат уставните измени, истакна дека Османи има лоша смисла за хумор и метафорите никој не му ги разбира.

Мицкоски потенцираше дека уставни измени под диктати нема да има, го охрабри Османи за предвремени избори и му посака мирен сон после се што тој и направил на Македонија.

„Смисолот за хумор на Бујар Османи не му бил добра карактерна особина и често пати неговите метафори преку лошиот смисол за хумор не се добро разбрани ниту од мене, ниту пак од јавноста, бидејќи не знаеме што сака со тоа да каже“ – рече Мицкоски и дополни „ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќа, како што е овој бугарскиот диктат дека ако се реферира на уставните измени, такви уставни измени нема да има. Нека се охрабри да одиме на предвремени парламентарни избори, да го слушнеме народот што има да каже за политиките на оваа влада и тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди, па потоа можеме да размислуваме за многу други работи. На крај важно е да тој мирно спие, и час поскоро се разбуди од својот сон, но не како министер за надворешни работи, туку на некое друго место после се ова што и го направи на Македонија и на македонскиот народ, јас му посакувам мирен сон“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Во Вашингтон средби на Мицкоски со соработници на Трамп и бизнисмени

Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Мицкоски на работни средби во САД, во фокусот можноста за инвестиции во државата

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски оди на инаугурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Мицкоски за седницата за интерпелации: Очекувам неосновани критики и обид што ќе заврши неуспешно

А1он