Швеѓанец го чувал трупот на својата пријателка во замрзнувач и продолжил да ја прима нејзината пензија

Од:

55-годишен Швеѓанец е обвинет за измама и фалсификување евиденции затоа што ја ставил својата мртва пријателка во замрзнувач и ја искеширал нејзината пензија. Шведското обвинителство смета дека човекот, кој не е именуван, извршил „систематска“ измама и се стекнал со корист од 1,3 милиони круни (околу 110.000 евра), пишува Sky News.

Обвинетиот на инспекторите им рекол дека телото на својата пријателка, која е Норвежанка, го ставил во замрзнувач откако ја нашол мртва во нивната куќа. По нејзината смрт тој ги уверил семејството и пријателите дека жената е се уште жива. Двајцата живееле во Арјанг, околу 340 километри западно од главниот град Стокхолм.

„Сигурно беше многу стресно за семејството и пријателите да дознаат на овој начин дека жената била мртва подолго време. Мажот го користел замрзнувачот и за други намени, што верувам значи дека секој пат кога замрзнувачот е отворен или затворено, нарушен е гробниот мир на починатиот и претставува отежителна околност“, изјави обвинителката Линда Карлсон.

Телото било откриено во замрзнувачот на 16 март, а мажот бил уапсен три дена подоцна и оттогаш е во затвор. Се уште не е јасно кога жената починала. Отпрвин, инспекторите веруваа дека жената е убиена, но истрагата не најде докази за поддршка на таа претпоставка.

Сепак, иследниците веруваат дека мажот некако користел помошници за да го придвижи телото, па не исклучуваат дека некој друг е вмешан. Почетокот на судењето е закажан за крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Измамник од Тетово зел автомобил од познаник и го продал

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал

Тетовчанец со лажни документи го прогласиле за починат и му го зеле имотот