Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Албанија, а е почувствуван и во Црна Гора, соопшти Институтот за сеизмологија во Подгорица.
Епицентарот на земјотресот, како што се наведува, бил на 17 километри западно од Медова, во Албанија.
Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот на овој земјотрес бил лоциран на длабочина од 12 километри.