Нотар и адвокат вмешани во измама: За продажба на возило направиле неколку лажни документи

Од:

МВР поднесе кривична пријава против А.М. (50) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил четири кривични дела, и тоа: „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, Х.И.(44) од с.Голема Речица, поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела, и тоа: „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и помагање во врска со кривично дело „фалсификување исправа“, К.А.(36) од с.Голема Речица поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела и тоа: „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и Н.Т.(43) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавениот А.М., во својство на адвокат и третопријавениот К.А. на 17.5.2023 направиле лажен купопродажен договор за патничко возило како да е склучен помеѓу едно лице од с.Требош – како продавач и пријавениот К.А. и уште едно лице – како купувачи. При изготвување на договорот А.М. изготвил и Изјава на име на Х.И., а потоа истата ја заверил кај нотар. Потоа, Н.Т. во својство на нотар направил препис на Договорот, но наведените податоци не се совпаѓале со податоците кои биле наведени во штембилот, а потоа и препис на документ кој не бил оригинал, бидејќи купопродажен договор не постоел, со што со извршениот препис, купопродажниот Договор станал валиден, додека третопријавениот К.А. направениот препис го употребил на технички преглед и патничкото возило „голф 5“ го префрлил на свое име, а потоа го продал на друго лице.

Исто така, второпријавениот Х.И., сакајќи да го продаде возилото, го зел од Н.И., а по неколку денови Х.И., му го дал на А.М. возилото со клуч и сообраќајна дозвола на име на Н.И., по што истиот направил лажен договор и возилото му го продал на третопријавениот К.А.

Би можело да ве интересира

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција

Уапсени се две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити

Хрватското обвинителство поднеде обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра