Полицијата во округот Декалб, Џорџија ја уапси Алондра Хобс под обвинение дека со крајна суровост ја убила нејзината ќерка Аливија (7).
„Изгледаше како мумија“, рекол соседот опишувајќи го ужасот што го видел кога било пронајдено телото на малата Аливија.
Според проценките на надлежните органи, мајката го убила детето и четири месеци го чувала телото во плакарот.
Соседот се посомневал кога почувствувал силна непријатна миризба која доаѓала од отворениот стан.
-Изгледаше како некој избрзано да избегал, вели тој.
Влегол внатре и видел рака која виси од плакарот. Веднаш повикал полиција.
Полицијата потоа видела „топка“ коса и остатоци од тело од кои можеле да издвојат само рака и нога.
Набрзо се покажа дека жртвата е Аливија Хобс-Јордан. Истражителите се уште не ја утврдиле причината за смртта, јавуваат американските медиуми.
Мајката е уапсена и обвинета за убиство на нејзината седумгодишна ќерка.
Бабата на убиеното девојче покрена кампања на платформата Gofundme за собирање средства за нејзиниот погреб.
Локалните медиуми разговарале со роднините на девојчето.
„Никогаш не сум видел такво нешто. Сите имаме свои проблеми, но никогаш не би помислила дека таа ќе му наштети на своето дете“, рекла една тетка.