По синоќешните приведувања и оградување на паркот кај Бристол Паркобраните за вечерва ги повикуваат граѓаните на настан наречен „Полициски час во Центар“. Во продолжение ви го пренесуваме нивниот повик кој може да се најде на Фејсбук настанот:
Почитувани граѓани,
Денеска во раните утрински часови беше извршено отстранување на поставените шатори и активисти од паркот пред хотелот „Бристол“ од страна на редовни полициски службеници и припадници на Единицата за брзо распоредување. Исто така, дел од активистите беа приведени во полициска станица под засега непознати причини и околности. Имајќи го предвид горенаведеното, ве повикуваме да ја дадете вашата поддршка и да присуствувате на настанот „Полициски час во Центар“.
Настанот ќе започне во 20:00 часот пред Даут пашиниот амам а, истиот се состои од:
1. Прикажување на видео-материјал од полициската интервенција кој до сега не е објавен пред јавноста
2. Обраќање на активисти од граѓанската иницијатива „Паркобрани“