Путин побегнал од Москва за време на бунтот на Вагнер тврди поранешниот олигарх Ходорковски

Од:

Поранешниот руски олигарх Михаил Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија пред да се скара со рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека Путин побегнал од Москва за време на бунтот предводен од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Тој за „Њузвик“ изјави дека преку еден од неговите контакти дознал дека Путин ја напуштил Москва со авион за време на неуспешниот пуч и најверојатно отишол во неговата резиденција во Валдај меѓу Тверската и Новгородската област. Очигледното отсуство на Путин за време на бунтот ги поттикна шпекулациите за неговата локација.

Ходорковски (60) ја предводеше енергетската компанија Јукос пред да помине една деценија во затвор во Русија поради, како што велат критичарите, политички мотивирани обвиненија. Тој беше еден од првите поддржувачи на демократските промени во Русија, критикувајќи ја ендемската корупција на телевизискиот состанок со Путин на почетокот на 2003 година.

Иако беше помилуван во 2013 година, тој сè уште е еден од водечките критичари на режимот. „Во тој момент го следевме Путин. И се чини дека тој навистина ја напушти Москва и најверојатно отиде во својата резиденција во Валдај“, изјави Ходорковски од Лондон, каде што живее денес.

Агенцијата, независен истражувачки медиум на руски јазик, во јануари објави дека системот за воздушна одбрана Pantsir-S1 бил распореден во близина на резиденција во Валдај поради напади со беспилотни летала на руска територија. Резиденцијата е опишана како „место за лична забава на Путин, неговите роднини и пријатели“.

Ходорковски наведува дека авионот „кој го користел само Путин“ полетал од Москва на 24 јуни и се упатил кон северозападна Русија. Тој додаде дека леталото исчезнало од уредот за следење летови „некаде околу Валдај“. Веќе на самиот ден на бунтот се појави информација дека претседателскиот авион Иљушин Ил-96 полетал од руската престолнина.

Дел од руските независни медиуми објавија дека транспондерот на авионот бил исклучен кога почнал да се спушта во областа Твер. Се претпоставува дека авионот летал кон воздухопловната база Борисовски Хотилово, која е аеродромот најблиску до резиденцијата на Путин во Валнај.

Други авиони кои се користат за транспорт на високи руски функционери или припадници на вооружените сили полетале од Москва. „Водачи, разни раководители на различни сектори, навистина, многу од нив ја напуштија Москва. Така, токму затоа тогаш мислев дека опозицијата има шанса. Но… бунтот на Пригожин пропадна многу брзо“, заклучува Ходорковски.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски