(ВИДЕО) Момчето кое беше претепано од познат боксер падна во кома, има само 50 отсто шанси да преживее

Од:

М.В кому боксерот Петар М.(39) му го скрши черепот, односно се обиде да го убие е во кома.

-Повредениот млад човек е во кома, шансите да преживее се 50 отсто, а и да преживее прашање е како ќе биде – изјави за Телеграф.рс соговорникот од истрагата.

Безбедносните камери на сплавот го снимиле моментот кога боксерот им приоѓа на младите и започнува тепачка.

Како што може да се види на снимката од надзорната камера, три млади момчиња стоеле на мостот кога кон нив притрчал Петар М. кој по кратка расправија го удрил еден од нив два пати во главата. Потоа се нафрлил на другиот, кој се обидел да ги раздвои, соборувајќи го на подот и паднал над него.

Третиот човек кој бил на мостот се обидувал да го одвои боксерот од другите двајца млади момчиња, но Петар истрчал покрај него и продолжил да го тепа младиот човек кој прв го нападнал. Секој пат кога младиот човек ќе се ослободи, боксерот тргнуваше по него и продолжуваше да го удира во главата.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Тепачка пред Меѓународниот аеродром Скопје

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата