Министерот за правда, Кренар Лога откако го објави изводот на кој му стои етничката припадност Албанец, денеска во обид да докаже дека Упатството кое го донесе е во согласност со законите објави изводи на кои стои „македонец“ и „македонка“ во графата националност. Тој објави извод на лице родено во 1982 година во кој кај родителите кај националност стои Македонец и Македонка.
– Нови изводи на родени со графа националност . Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, пишува Лога во објавата.
– Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, објаснува министерот за правда кој потоа и споделува Толковни речници на макеоднскиот јазик во потцртани зборови националност
На Упатството, експресно реагираше Уставен суд кој го стави на разгледување, а претседателката Кацарска рече оти смета дека е неуставно.
Денеска и поранешната министерка за правда, Рената Дескоска се изјасни дека графата за националност во изводот не е законска, и дека очекува Уставен суд да го укине Упатството за матични книги.