Мaсовно пукање во Филаделфија: Четири лица загинаа, едно дете е повредено

Од:

Во масовното пукање што се случи во понеделникот вечерта во Филаделфија, четири лица загинаа, а најмалку две се ранети.

Од полицијата велат дека напаѓачот е уапсен по убиството, а носел панцир, неколку куршуми, автоматско оружје, пиштол и полициски скенер.

Престрелката почнала вечерта околу 9.30 часот, а двајцата ранети се деца на возраст од две и 13 години. Нивната состојба засега не е позната. Убиени се четворица мажи на возраст меѓу 20 и 59 години, соопшти полицијата.

Како што пренесува Фокс њуз, напаѓачот продолжил да пука за време на полициската потера, а на крајот бил опколен во дворот на улицата Фрејзер, каде што бил уапсен.

Засега не е познат мотивот за злосторството.

„Немаме поим што се случило. Во овој момент, сè што знаеме е дека ова лице ја напуштило куќата и решило да пука во луѓето. Фала богу нашите полицајци излегоа и брзо реагираа. Не можам ни да ја опишам храброста неопходно беше тие да реагираат на овој начин“, изјави полициската комесарка Даниела Аутлоу.

Приведено е уште едно лице за кое во моментов се верува дека пукало во напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина