ВИДЕО: Французин смирено јаде сендвич среде конфликтот меѓу демонстрантите и полицијата

Од:

На социјалните мрежи се шири видео од Франција, која беше зафатена од бран насилни протести по убиството на 17-годишен тинејџерк од страна на полицијата во предградие на Париз.

На видеото, за кое се верува дека е снимено во предградие на Париз, може да се видат десетици демонстранти како фрлаат проектили кон полицијата, додека меѓу нив гори голем пожар од каде се издига облак чад во воздухот.

Во хаосот, момчето седна на клупа и смирено го изеде својот сендвич, а видеото кое беше објавено на 30 јуни привлече многу внимание и коментари.

Некои ја пофалија неговата смиреност, а многумина коментираа дека оваа сцена е „типична за Французите“.

„Нормална летна активност во Франција: лице лежерно го јаде својот сендвич среде антиполициски немири“, напиша еден твитерџија.

„Кога купувате багет во Париз, сите знаат дека можете да го јадете каде сакате“, коментира друг.

Слична сцена се прошири на социјалните мрежи во март кога за време на масовните протести против пензиската реформа, дел од Французите решија да го игнорираат хаосот и да уживаат во вечерата на француски начин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пријател на убиеното момче откри што се случувало: Полицаецот му држеше пиштол на главата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Анархија на улиците низ Франција: Ловечки пушки стигнаа до рацете на демонстрантите

Трет ден жестоки судири во Франција, земјата е пред вонредна состојба

(ВИДЕО) Насилни протести во Париз: Искршени излози, запалени барикади

ВИДЕО: Пендреци, клоци, боксови-судир на полицијата и демонстрантите во Париз

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Насилни протести во Париз, полицијата растеруваше со солзавец