Мицкоски му рекол на Гир дека Македонија стои во место и дека се неопходни предвремени избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за актуелната економска и политичка состојба во Македонија, како и реформите кои земјава треба да ги спроведе, а кои се важни за нејзиниот пат кон ЕУ.

Мицкоски на средбата истакна дека македонската економија од ден во ден тоне, граѓаните стануваат се посиромашни, а власта не е способна да им помогне на граѓаните и бизнисот за време на кризата.

На средбата, Мицкоски потенцираше дека власта ниту има капацитет, а ниту има желба да ги спроведе реформите, наместо тоа сведоци сме на секојдневни криминални афери, високо ниво на корупција и заробено правосудство за што потврда доаѓа од релевантни меѓународни институции, но и од земји стратешки партнери на Македонија.

Мицкоски истакна дека Македонија премногу стои во место, власта ја доведе земјава во безизлезна состојба и затоа се потребни итни чекори и решенија, а за тоа да се случи неопходни се предвремени парламентарни избори.

На средбата беше потенцирана соработката, поддршката и заложбите кои Европската Унија и ги пружа на Македонија и беше посочено дека тоа мора да продолжи и понатаму со зголемен интензитет.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски