А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Разрешени два случаја на недозволена трговија со дрога

by А1он12/09/2013 - 14:11129
Share0

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 30-годишната Т.Ц. од Куманово и 33-годишниот И.И од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Добивај вести на вибер

Од МВР информираат дека при реализација на случајот пронајдени се и одземени  25,71 грама наркотична дрога хероин и 0,7 грама марихуана. Од страна на истражен судија на И.И. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а на Т.Ц. куќен притвор.

По претходно добиено оперативно сознание дека И.И. викан „Сандук“, подолго време пред својот дом продава пакетчиња со хероин, преземени се мерки за негово апсење, а притоа фатени се и две лица кои купиле две полиетиленски опаковки со хероин со вкупна маса од 0,82 грама и едно пакетче со 0,7 грама марихуана.

Двајцата се фатени на 2-ри овој месец околу 18 часот и 30 минути на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во патничко возило „југо скала“. Притоа кај Т.Ц. е пронајдена скриена една опаковка со 24,89 грама хероин.

Од извршените разговори со нив откриено е дека дрогата ја набавиле од лицето „Лили“ во Тетово по цена од 22 илјади денари и оти неколкупати од него купувале дрога.

Покрај овој случај, поднесена е и кривична пријава против две лица од скопско Арачиново поради основано сомневање дека сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, и “недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Кај осомничените М.О (28) и К.А. (23) пронајдени се 15,38 грама хероин, 0,85 грама марихуана, 34,44 грама семки од растението канабис сатива, еден полуавтоматски пиштол марка „црвена застава“ со четири рамки, една автоматска пушка „црвена застава“ со пет рамки и 186 куршуми различен калибар. Од страна на истражен судија на двајцата им е одредена мерка притвор во траење  од по 30 дена.

Полицијата информира дека обезбедени се материјални докази за случајот и оти при апсењето двете лица негирале дека ги сториле кривичните дела.

droga

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски31/10/2025 - 08:2431/10/2025 - 08:25

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Горан Наумовски27/10/2025 - 22:50

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:56

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Горан Наумовски24/10/2025 - 07:21

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски13/10/2025 - 08:4913/10/2025 - 08:49

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он30/09/2025 - 21:4030/09/2025 - 21:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен