Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) доби задача да го убие шефот на вагнерската група Евгениј Пригожин, соопшти Кирил Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина.
Пригожин замина во егзил во Белорусија во вторникот, според договорот со кој заврши кусиот бунт на борците на Вагнер во текот на викендот.
„Евгениј Пригожин ќе се пресели во Белорусија според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател за прекин на денешниот вооружен бунт против руското воено раководство. Шефот Вагнер и неговите борци нема да бидат кривично гонети“, соопшти Кремљ по бунтот.