А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанакиески: Од октомври пет нови автобуски дирекни линии Велес-Скопје

by А1он12/09/2013 - 13:52229
Share0

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски денеска се сретна и разговараше со градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев за тековните и нови проекти во општина Велес.

Добивај вести на вибер

На прес-конференцијата министерот Јанакиевски меѓу бројните проекти од октомври најави со пет дирекни автобуски линии од Велес за Скопје да се реши проблемот на велешани околу недостаток на автобуски превоз.

– Законот за превоз по иницијатива на пратеникот од Велес Илија Димов е променет и на 1. октомври ќе има јавен повик за нови компании кои се заинтересирани за нови автобуски линии.Повикот ќе трае два дена и очекувам кон крајот на октомври да имаме пет нови автобуски линии кои дирекно ќе поаѓаат од Велес за Скопје, изјави министерот за транспорт и врски.

Министерот Јанакиевски информира дека со градоначалникот Чадиев разговарале и за процесот на легализација.Тој информира дека три илјади семејства се уште немаат доставено геодетски елаборати за легализирање на куќите.

– Ја користам можноста да апелирам до граѓаните и да ги потсетам дека до 18. јуни е рокот кога граѓаните треба да ги достават елаборатите, а доколку не го сторат тоа го губат правото на легализација на куќите, рече Јанакиески. Тој потсети дека за намалени цените за 50 проценти за корисниците на социјална помош, а што е олеснителна околност за овие социјално загрозени семејства.

Министерот Јанакиевски информира дека се резговарало и за проектот за реализација на водоводни канализациони мрежи кој се реализира во соработка со Европската Инвестициона Банка. Потсети дека општината Велес има на располагање 1 милион и 500 илјади евра, а досега доставиле 11 проекти вредни 300 илјади евра, и затоа очекува Општината Велес во соработка со Месните Заедници и со Советот на Општинина Велес до Министерството за транспорт и врски да достави и нови апликации за реализација на нови проекти со кои би се искористиле сите средства.

Овој месец патот Велес- Кадрифаково, подвлече Јанакиески, се очекува да започне со реконструкција преку Јавното претпријатие за државни патишта. Најави и реконструкција на локалните патишта во општината кои се дел од Европската Инвестициона Банка.

Во Европската Комисија, според него, веќе била доставена целокупната проектна документација и се очекува најдоцна до почетот на октомври да ­ има јавен повик за реконструкција на десетте железнички станици во Македонија, меѓу кои и во Велес.

– Пред десет дена министерството даде и согласност за измена на ДУП во Велес, а градоначалникот ме замоли да се забрза постапката за нови индустриски зони со што ќе се реши проблемот со невработеноста. Како министерство во најбрз можен рок согласно законските прописи ќе дадеме согласност за да може да се продаваат тие парцели,потенцира Јанакиески. Тој воедно информира дека наскоро во Велес ќе се гради и една нова бензиска пумпа од десетте ново планирани во земјава.

Градоначалникот Славчо Чадиев информира дека Општина Велес работи на изготвување документација на мостот „Гемиџии“, а ќе се направат и испитување за мостот кај Башино Село.  Интензивно се работи и на проектот за индустриската зона во Караслари, а наскоро ќе се работи и за нова индустриска зона на потегот под кланицата „АГРИА“ во месноста Бабуна.

transport

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Предраг Петровиќ19/03/2025 - 16:54

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска11/06/2023 - 12:37

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска10/06/2023 - 16:0610/06/2023 - 16:07

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска14/10/2022 - 19:2214/10/2022 - 19:24

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски15/01/2022 - 18:1215/01/2022 - 18:16

„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

А1он04/01/2022 - 22:5305/01/2022 - 08:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен