По нападот во Колорадо откажана премиерата на новиот филм за Бетмен во Париз

Од:

Премиерата на новиот филм од серијалот за Бетмен „Подем на мрачниот витез“ во Париз е откажана откако вооружен маж уби 12 лица на премиерата на филмот во градот Аурора во американската сојузна држава Колорадо.

Вработените го собираа црвениот килим пред киното на познатиот париски булевар „Шанз-елизе“.

Маж со гас маска фрлил солзавец и отворил оган во кино-сала во Аурора, убивајќи 12 лица и ранувајќи 50-тина други. Напаѓачот, кој е на 25-годишна возраст, е уапсен.

Според ФБИ, засега нема информации дека напаѓачот бил поврзан со некоја терористичка група.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата