Професор и двајца студенти биле избодени со нож за време на час за „родови прашања“ на универзитет во канадскиот град Ватерло, а осомничениот е приведен, соопшти локалната полиција.
Полицијата додаде дека раните не се опасни по живот, а мотивот за нападот се уште се истражува, пренесува АП.
„Во овој момент, нема понатамошна закана за јавната безбедност, ниту во кампусот, ниту надвор од него“, соопшти полицискиот оддел во Ватерло.
Универзитетот во Ватерло објави дека осомничениот е член на „универзитетската заедница“, но не потврди дека е студент. Во моментот на нападот, на предавањето имало околу 40 студенти.