Група вооружени мажи во вторникот киднапираа 14 припадници на државната полиција во јужниот дел на Мексико, што предизвика интензивни активности и претреси на федералните и локалните безбедносни сили, соопштија мексиканските власти.
🔴Hombres armados interceptaron un camión y se llevaron a un número indeterminado de trabajadores administrativos de la Secretaría de Seguridad y Protección Ciudadana en Ocozocoautla, Chiapas#VIDEO: ESPECIAL pic.twitter.com/ZqXK7hrZV3
— El Universal (@El_Universal_Mx) June 28, 2023
Секретарот за безбедност и заштита на граѓаните во државата Чиапас во соопштение наведе дека 14 полицајци се мажи и дека во тек е воздушна и копнена операција за пребарување на нивната локација, пренесува АП.
Жените кои се наоѓале во возилото се ослободени, додека мажите биле однесени, се вели во соопштението на локален функционер, додавајќи дека киднапирањето се случило на автопат на југот на Мексико.
Претставник на државната полиција, кој побара анонимност бидејќи не е овластен да зборува со новинарите, рече дека киднапираните полицајци патувале кон главниот град Чиапас со камион за транспорт на персонал кога неколку возила полни со вооружени мажи им го попречиле патот.