Алкараз сака подвиг што не го направил ниту Ѓоковиќ

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе се обиде на Вимблдон да го направи она што не му успеа ниту на Новак Ѓоковиќ.

Светскиот играч број еден сака да ги „комбинира“ титулите во Квинс и Вимблдон, нешто што низ историјата успеале да го направат само седум тенисери.

Последен што го направи тоа беше Енди Мареј во 2016 година.

Покрај Британецот, две титули на трева во Лондон врзаа само Џими Конорс, Џон Мекинро, Борис Бекер, Пит Сампрас, Лејтон Хјуит и Рафаел Надал.

Нема да му биде лесно, бидејќи Ѓоковиќ е во одлична форма, сезонава веќе освои два Грен слемови и сигурно размислува за календарскиот.

На Вимблдон нема пораз 28 меча, а на Централниот терен дури 10 години.

Исто така, ниту Карлос не е физички најподготвен, го мачи десната надколеница поради што веќе откажа еден меч на егзибицијата во Хурлингем.

Турнирот е закажан од 3 до 16 јули.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата