Руското Министерство за одбрана извести дека во тек се подготовки за префрлање на воената опрема на Вагнер во сопственост на армијата.
Руските вооружени групи мора да потпишат договор со руското Министерство за одбрана до 1 јули. Сите руски „доброволни единици“ мора да потпишат таков договор „за да се зголеми нивната ефикасност“ во војната во Украина. Тоа значи дека тие ќе бидат подредени на руското Министерство за одбрана.