ТАСС: Вагнер повторно регрутира платеници, постерите повторно поставени низ Русија

Од:

Како што пренесува Би-Би-Си, откако основачот на платеничката група Вагнер се согласи да ги повлече своите сили од маршот кон Москва и да замине во егзил во Белорусија, има се повеќе прашања за иднината на платениците на Вагнер.

Многумина шпекулираа дека групата може да се распадне, но тоа веќе не изгледа веројатно. Според руската државна новинска агенција ТАСС, групата продолжува со регрутирањето во своите редови. „Регрутирањето е во тек“, ТАСС цитираше неименуван вработен во групата во рускиот град Новосибирск.

Како што јави дописникот на ТАСС, постери кои ја промовираат услугата со Вагнер се повторно поставени, откако беа отстранети во саботата за време на немирите. Во пораката објавена претходно денеска на телеграмскиот канал на Вагнер Груп, за кој се тврди дека е официјален профил на Вагнер, се вели: „Регрутирањето во Вагнер групата [е во тек] во моментот [за да се оди] во зоната за специјални операции (Украина, оп.а.)“

Тие известија дека кандидатите мора да се претстават со пасош или копија од него, а регрутирањето ќе биде во градот Молкино во југозападниот регион на Русија, каде што се наоѓа воениот полигон.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна