Руски опозициски весник: Белорусија почна да гради кампови за 8.000 вагнерити

Од:

Рускиот опозициски весник „Верстка“ објави дека Белорусија почнала да гради кампови за борците на приватната воена компанија „Вагнер“. Камповите ќе бидат лоцирани во регионот Могилев во Белорусија, на приближно 200 километри од границата со Украина и ќе можат да примат 8.000 борци, пренесува Медуза.

Регионалните власти на Могилев, наводно, добиле инструкции да започнат со изградба на кампови. Според изворот на Верстка, ќе има неколку кампови, од кои еден ќе биде лоциран во близина на градот Осиповичи. Роднините на оние од групата Вагнер потврдија дека платеници ќе бидат испратени во Белорусија.

Еден извор рече дека единиците на Вагнер кои сè уште остануваат во Ростов на Дон ќе бидат испратени во Белорусија. Сопругата на еден човек од Вагнер раскажа како нејзиниот сопруг, кој во саботата бил во Ростов, и рекол дека „најверојатно“ ќе биде испратен во Белорусија.

Инаку, вооружениот бунт во Русија заврши откако беше постигнат договор, со кој очигледно посредуваше Белорусија. Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин се согласил да ја напушти Русија и да замине во соседна Белорусија, објави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија собира нови војници во близина на границата

Украина ја истражува својата 125-та бригада: Тие се виновни што Русите напредуваат

Предраг Петровиќ

Полскиот министер за надворешни работи ја обвини Русија: Сакаат да влијаат на изборите во Европа

Предраг Петровиќ

Шолц призна: Се што можевме и дадовме на Украина, ракети Таурус нема да испорачаме

Предраг Петровиќ

Путин: Секогаш чекор пред непријателот

ВИДЕО: Русите нападнаа трговски центар во Харков, најмалку двајца мртви

Катерина Ѓуровски