Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците во Украина, јави руската новинска агенција Риа. Тоа е негово прво појавување во јавноста по бунтот на Вагнер изминатиов викенд.
Шојгу не го коментираше бунтот, за време на кој лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин побара министерот за одбрана да се сретне со него во Ростов пред да го прекине.
Во објава на Телеграм, Риа објави дека Шојгу се сретнал со генерал-полковник Никифоров, командант на групата „Запад“.
Министерот посвети посебно внимание на организацијата на поддршката за војниците вклучени во „специјална воена операција“ и создавањето услови за безбедно распоредување на персоналот.