Пукање во САД: Најмалку три лица загинаа, а петмина се ранети во две престрелки

Од:

Најмалку три лица загинаа, а пет други се ранети во две престрелки во истата област во градот Канзас, соопшти денеска полицијата на американската сојузна држава Мисури.

Полицијата добила повик во 4:30 часот по локално време дека имало пукање, а кога пристигнале, на паркингот пронашле мртви три лица – двајца мажи и една жена, изјави портпаролот на полицијата во Канзас, Џејк Бекина, пренесе АП.

Од полицијата додаваат дека во второто пукање има петмина повредени, кои не се во животна опасност, но се префрлени во болници.

-Првите информации покажуваат дека имало голем собир на паркингот, кога било пукано во жртвите – изјави Бекина. Засега нема информации за апсења.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина