Тинејџерка загина, три лица се ранети во оружен инцидент во Хјустон

Од:

Во денешната престрелка во американскиот град Хјустон, една тинејџерка е убиена, а уште три лица се повредени, соопшти локалната полиција.

Помошникот на началникот на полицијата во Хјустон, Вајат Мартин, изјави дека расправија довела до пукање веднаш по полноќ по локално време на улицата Западна Фукуа, пренесува Асошиетед прес.

– Се уште немаме многу детали за точниот мотив. Очигледно две групи пукале меѓусебно – рече Мартин на прес-конференцијата и додаде дека починатото е 17-годишно девојче кое требало да наполни 18 години.

Тој додаде дека три лица на возраст меѓу 18 и 20 години се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина