Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не поддржале ниту една стратешка одлука, не го поддржаа ни ФРОНТЕKС

Од:

ВМРО ДПМНЕ досега немаат поддржано ниту една стратешка одлука, во исклучително тешко време, соочени со бројни предизвици и обиди за негации на нашиот идентитет, успеавме да продолжиме напред и да го сочуваме и да го обезбедиме македонскиот идентитет, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на трибината „МК во ЕУ до 2030“, Резултати што прават разлика“, што денеска се одржа во Куманово.

Ковачевски посочи дека кога се размислува визионерски и државнички, полека но сигурно се остваруваат целите. Како што рече Ковачевски, 30 години не се многу во историска смисла, и кога ќе се седне да се на листа, постигнато е многу, особено кога се влади предводени од СДСМ во прашање.

„Што правеше ВМРО-ДПМНЕ? Ништо. Досега немаат поддржано ниту една стратешка одлука. И да не заборавиме дека седеа на страна, блокираа Собрание, фрлаа молотови коктели, свиреа со вувузели и ширеа хистерија за бугаризација и асимилација што се покажа како најголема лага. Тоа се со една изјава на Мицкоски беше поништено, сосе сите нотарски изјави. Но, останува фактот дека не поддржаа ниту една одлука за зачленување во НАТО, не поддржаа ниту една одлука до сега за зачленување во ЕУ. Најеклатантен пример е гласањето на договорот ФРОНТЕКС. Тој договор е прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ. Ниту тоа не го поддржаа и не влегоа да го гласаат за да го ратификуваат во Собранието. Оправдувањето им е дека не го слушнале ѕвончето“, потенцираше Ковачевски.

И најновата одлука на Бундестагот не беше поддржана од ВМРО ДПМНЕ ниту од нивните сестрински партии, потенцираше Ковачевски, додавајќи дека ДПМНЕ не направиле ништо за македонскиот идентитет, воопшто не лобирале за оваа Резолуција во германскиот Бундестаг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он