Британскиот генерал лорд Ричард Данат предупреди во интервју за Sky News дека лидерите на Украина мора да внимаваат на потенцијалниот напад предводен од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој би го нападнал Киев од Белорусија.
„Загрижува фактот што замина во Белорусија“, изјави поранешниот началник на Генералштабот на британската армија.
Ако Пригожин „задржел ефективна борбена сила околу себе, тогаш тој повторно претставува закана за украинското крило најблиску до Киев“, каде што започна војната, изјави Данат. Тој тврди дека е „сосема можно“ Русија да ја искористи групата на Вагнер за да се обиде повторно да го заземе Киев.
Тој смета дека немало непосредни „победници“ во „вчерашното фијаско“.
„Вчерашните последователни потреси ќе одекнуваат уште некое време. Путин дефинитивно значително ослабна. Руската армија очигледно е во неред“, заклучи тој. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков синоќа соопшти дека Пригожин се согласил да ја напушти Русија и да замине во соседна Белорусија.