СДСМ: Во која фиока се случаите за Белата палата, Делчевски ниви, Моќник?

Од:

Со денови ДПМНЕ ги прозива судските институции но никако да праша во која фиока и до каде се случаите за Белата палата, Делчевски ниви и Моќник, се вели во писмената реакција на СДСМ.

„ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, нелегална Бела палата којашто е конфискувана, и со почесен претседател на црната листа на САД.

ДПМНЕ е партија со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на оваа партија, меѓу кои и за злосторничко здружение.

Прозивките на ДПМНЕ може да бидат искрени само доколку јавно постават прашање до надлежните институции во која фиока се случаите за Белата палата, Делчевски ниви, Моќник и други кои се директно поврзани“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он